Дома Фудбал Моментот кога Куман беше исклучен против Гранада 🎥

Моментот кога Куман беше исклучен против Гранада 🎥

Барселона имаше се во свои раце и со шест победи не зависеше од никој кога е титулата во Ла Лига во прашање.

Вчера против Гранада Барслеона водеше по првото полувреме со 1:0, но потоа во второто полувреме Гранада постигна два гола и дојде до целосен пресврт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 66. минута од натпреварот црвен картон заработи стратегот на Барселона, Роналд Куман. Во прв момент не можеше да се забележи зошто Куман беше исклучен. Но потоа шпанските медиуми ја открија причината.

„Откако беше предупреден поради своите коментари, Куман повторно се обрати на четвртиот судија со зборовите: Каков лик!“, пишуваат Шпанците за причината за исклучувањето.

Поради ова исклучување Куман ќе го пропушти следниот натпревар против Валенсија.

Тука погледнете го моментот кога беше исклучен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Нема да останам во Барселона во наредните десет години

Германецот Ханси Флик работи одлично и бежеле добри резултати со Барселона во актуелната с…