Дома Останати МОК промовираше нов проект: Златен денар за златен медал на македонските спортисти

МОК промовираше нов проект: Златен денар за златен медал на македонските спортисти

Вчера во хотел “ЛИМАК“, во единствена, хомогена и сплотена атмосфера меѓу сите членови на Собранието, олимписките Национални спортски федерации и истакнатите македонски спортски имиња  се одржа редовното Собрание на МОК.

На почетокот на Собранието, претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски му врачи Златна плакета на МОК на Шабан Сејдиу, Олимписки великан, носител на два бронзени медали и учесник на 4 (четири) летни Олимписки игри. По овој свечен чин, се пријде кон избор на работните тела и се усвои записникот од минатото собрание, дневниот ред на Собранието како и извештаите за работа, финансискиот и ревизорскиот извештај, извештајот за финансиска контрола од УЈП и од страна на ИОК, како и извештаите од Комисиите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски даде информација за новите партнери на МОК, а тоа се ЛИМАК ХОЛДИНГ и шпанскиот производител на спортска опрема ЈОМА, кои ќе ги поддржат  најдобрите македонски спортисти кои ќе учествуват на Европските игри Краков 2023, зимските младински олимписки игри Гангвон 2024 како и летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024. 

Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски даде информација и за блиската комуникација со претседателите на Меѓународните спортски федерации од кои е побарана помош за македонските Национални спортски федерации. На Собранието беше даден извештај за Европските игри Краков 2023, летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024, за новата веб страна на МОК како и новиот проект на МОК, ЗЛАТЕН ДЕНАР ЗА ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ.

Во одбрана на Олимпизмот и спортот, Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски истакна дека секогаш ќе ги брани интересите на МОК и на Националните спортски федерации како највисоки Олимписки и спортски невладини институции кои го водат македонскиот спорт, дека ќе ја брани тешката и макотрпна работа на МОК и на Националните спортски федерации и истите ќе ги штити од секакви бескрупулозни и лажни напади во однос на позитивните активности, како што е, пред се, ваучерскиот систем. Националните спортски федерации, во еден глас, се заблагодарија на Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски за неговата несебична помош кој тој лично ја дава во однос на финансиската и логистичка помош за развојот на македонскиот спорт и подобрување на спортските резултати на најдобрите македонски спортисти.

На крајот, имајќи во предвид дека следното Собрание е изборно, беа избрани и членови на Изборната кандидациона комисија на МОК. 

Како нов член на Собранието на МОК, врз основа на замена, беше избран Кочо Димитровски, спортска и фудбалска легенда на македонскиот спорт, а како нов член на МОК е примена и Македонската Федерација за дигање тегови, како федерација чиј спорт е на листата на Олимписките игри Париз 2024 и е член на Меѓународната федерација за дигање тегови.

Со оваа едногласна одлука на Собранието на МОК како и претходните, беше завршена и работата на Националните спортски федерации и истакнатите врвни македонски спортски легенди кои со своето единство и одлучност за сплотеност испратија силен сигнал за заштита и уште понапорна работа на Олимпиското и спортското движење во нашата држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…