Дома Трансфер зона Моис Кин се враќа во Италија и тоа во големиот ривал на Јувентус

Моис Кин се враќа во Италија и тоа во големиот ривал на Јувентус

Моис Кин важи за еден од најголемите италијански таленти, а минатото лето од Јувентус се пресели во Евертон за 30 милиони евра.

Младиот Италијанец се уште нема постигнато гол за „карамелите“, а веќе во јануари би можел да се врати во Серија А. Менаџерот на Евертон, Марко Силва не го повика Италијанецот на последниот меч поради недисциплина, а претходно на два меча седеше на клупата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тоа воопшто не му се допаѓа на неговиот менаџер Мино Раиола, кој сака Кин да има поголема минутажа и сака да го врати во Серија А, а Евертон нема ништо против да го пушти младиот напаѓач.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Раиола му го понудил Кин на Милан, кој е сериозно заинтересиран за 19-годишниот Италијанец.

Милан има проблем со реализацијата оваа сезона и е спремен да го доведе Кин на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп следното лето.

Кин минатата сезона одигра 17 меча за Јувентус на кои постигна 7 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…