Дома Трансфер зона Моис Кин потпиша за ПСЖ

Моис Кин потпиша за ПСЖ

Италијанскиот напаѓач Моис Кин е нов играч на ПСЖ.

Младиот 20-годишен фудбалер стигна во Париз од Евертон на едногодишна позајмица и ќе го засили нападот на францускиот првак.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Кин не се изнаигра во Евертон. Најчесто беше резерва и минути добиваше од клупата.

Иста судбина го чека и во ПСЖ. Тука ќе ја има улогата на замена за Мауро Икарди и тешко е да се очекува дека ќе добие значајна минутажа.

Кин во овој преоден рок се поврзуваше и со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…