Дефанзивецот на „старата дама“ Џорџо Киелини сеуште не го продолжил договорот со клубот.
Договорот на искусниот фудбалер од одбраната истекува во јуни, а токму Киелини заедно со Бонучи кој премина во Милан, беа лидери на одбраната со која Јувентус минатата сезона стигна до финалето од Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваа дека барем засега проблеми нема.
Киелини во овој момент е надвор од терените поради повреда, а „Калчомеркато“ пишува дека 33 годишниот фудбалер би добил понуда за продолжување на соработката на две години.
Јувентус во оваа сезона има големи проблеми со одбраната која во претходните години беше нивни заштитен знак, а тоа можеше и да се забележи во поразот од Барселона од 3:0. Поради тоа тешко е да се верува дека управата на италијанскиот гигант ќе си дозволи да остане без уште еден столб на одбраната.