Eнди Руиз го шокираше светот пред 14 дена кога го сруши светскиот шампион Ентони Џошуа.
Мексиканецот освои четири титули шампион на светот во тешка категорија, а единствениот појас кој не е во негова сопственост го држи Деонтај Вајлдер во организација за ВБЦ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако стана шампион на најголемите боксерски организации веќе се размислува за наредните ривали, а ВБЦ со задоволство би видел борба помеѓу Руиз и Вајлдер.
„Ќе зборуваме за тоа кога за прв ќе ги соединиме сите титули. Руиз е првиот Мексиканец со појас во тешка категорија, а војникот од Мексико едноставно мора да ја има и ВБЦ титулата. Одиме да го направиме тоа“, истакна Мендоза.
Меѓутоа ИБФ побара од Руиз да ја брани титулата против Кубрата Пулев, а Ентони Џошуа ќе има право на реванш според клазулата во договорот.
Исто така Вајлдер веќе има закажан меч со Луис Ортиз и уште два закажани со Тајсон Фјури, па ќе биде интересно да се види кога најголемите боксерски организации ќе се договорат за евентуално соединување на титулите.