Дома Фудбал Останато Може ли поинаку? – Италијанскиот шампион ја има најдобрата одбрана оваа година!

Може ли поинаку? – Италијанскиот шампион ја има најдобрата одбрана оваа година!

Познато е дека Италијанците секогаш големо внимание посветувале на одбраната, па поради тоа не треба да не зачудува тоа што италијанскиот шампион ја има најдобрата одбрана во 2018 година.

Кога се споменуваат најдобрите одбрани секако дека се помислува и Атлетико Мадрид кој предводен од Диего Симеоне изгради тим кој се заоснова на гранитната одбрана.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак Јувентус во 2018 година не примил гол на 22 натпревари што е за еден повеќе од шпанскиот претставник.

Зад Јувентус и Атлетико Мадрид, тимови со најдобра одбрна се Ливерпул и ПСЖ (19 примени погодоци, додека петти е Наполи со 18.

Јувентус и оваа година игра одлично, па така на 17 натпревари во Серија А италијанскиот шампион прими само осум погодоци, додека Интер и Наполи се зад нив според најдобрите одбрани со скоро двојно повеќе (14).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бомба од Олд Трафорд! Керик носи играч од средниот ред за 80 милиони евра!

Многу е веројатно дека Манчестер Јунајтед следната сезона сепак ќе игра во Лига на шампион…