Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не сакаше да зборува за шансите на неговиот тим да ја освои Премиер лигата, но додаде дека сезонава се е отворено.
Јунајтед го очекуваат пет натпревари во 16 дена. Првиот „црвените ѓаволи“ ќе го играат денес против Шефилд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не чека тежок распоред. После дуелот со Астон Вила ќе имаме мала пауза. Секако дека овој период ќе има големо значење. После него ќе видиме дали ќе можеме да се бориме за титулата. Би бил разочаран ао играчите во овој момент мислат дека немаме шанси, во овој момент се е можно во лигата. Веруваме дека сме подобри отколку што бевме, но мораме уште да напредуваме“, изјави Солскјер.
Јунајтед во овој момент е деветти на табелата во Премиер лигата и има осум бодови помалку од лидерот Ливерпул, но и два натпревари помалку.