Дома Македонски спорт Мак ракомет Може да пропадне летното засилување за Вардар: Санталов има преддоговор, но клубот се распаѓа

Може да пропадне летното засилување за Вардар: Санталов има преддоговор, но клубот се распаѓа

И Покрај тоа што Вардар се наоѓа во тешка ситуација деновиве во медиумите со Вардар се поврзуваат разни имиња, а од следната сезона црвено-црниот дрес треба да го носи рускиот репрезентативец Димитри Санталов.

Ракометарот на Чеховски Медведи има преддоговор со Вардар меѓутоа поради ситуацијата во клубот тренерот Владимир Максимов најави дека ќе разговара со клубот за тој да остане.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„На крајот од сезоната договорот на Санталов завршува и тој има преддоговор со Вардар. Меѓутоа Вардар се распаѓа, му кажав дека ако не сака да оди таму ќе разговарам со клубот да ги промениме работите и тој да остане со нас и понатаму“, изјави Максимов.

Ќе потсетиме, тренерот Стевче Алушовски на прес-конференцијата после натпреварот со Мотор кој Вардар го доби со 10 разлика најави дека набрзо во клубот очекува да пристигнат двајца ракометари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…