Дома Топ вести Модриќ од Меси доби максимален број бодови, Роналдо го разочара

Модриќ од Меси доби максимален број бодови, Роналдо го разочара

На синоќешната церемонија во Лондон, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч оваа година со што ја прекина долгогодишната доминација на Роналдо и Меси.

Модриќ доби 29,5% од вкупните гласови и триумфираше пред Роналдо со 19,08% и Салах со 11,23, а интерсно е да се погледне колку бодови доби од најголемите конкуренти во борбата за ова признание.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лео Меси, кој со години водат голема битка во Ла Лига му даде на Модриќ максимални пет бодови, додека довчерашниот соиграч Роналдо му даде само три. Според него, најдобар играч е Рафаел Варан, на кој му даде пет.

Освен тоа, интересно е што Меси на својот вечен ривал Роналдо му даде само еден бод, додека Роналдо не му додели ни еден. Меси своите бодови ги даде на Модриќ (5), Мбапе (3) и Роналдо (1), додека фудбалерот на Јувентус гласаше за Варан (5), Модриќ (3) и Гризман (1).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…