Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ категорично ги демантира шпекулациите дека застанал од страната на Интер во моментот кога „кралскиот“ клуб поднесе жалба против „нероаѕурите“.
Лука Модриќ беше прилично изнервиран од тврдењата на медиумите дека сведочел во полза на Интер и дека потврдил дека наводно сам му се понудил на „нероаѕурите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, според шпекулациите Реал ќе го пријави Интер, бидејќи разговарал и преговарал со играч кој е под договор, поради што Италијанците можат да бидат казнети.
„Јас сум барал да преминам во Интер, јас сум ги контактирал? Па, тоа е најголемата лага во историјата“, истакна Модриќ.
Двата клуба имаат своја верзија за случајот, кој очигледно се уште е актуелен.