Ѕвездата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ потпиша договор со шпанското државно обвинителство дека во целост ја признава вината за обвинението од страна на Даночната управа.
Модриќ ја прифати казната од осум месеци затвор за две дела на даночно затајување, според кој буџетрот на Шпанија бил оштетен за 870.728 евра, примајќи хонорари за маркетингшките права преку компанија во Луксембург.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец ќе мора да плати 40% од сумата, поточно 348.291 евра и како останатите фудбалери со овој прекршок, ќе ја замени затворската со финансиска казна.
Покрај ови нешто помалку од 400 илијади евра, Модриќ веќе има платено еден милион на почетокот на постапката.