Oсвои Лука Модриќ се што можеше да се освои со Реал Мадрид, стигна и до финалето на Светското првенство со Хрватска, но некои натпревари од времето кога бил тинејџер се уште ги памети.
Во својата автобиографија Модриќ напиша дека најтешко му било да игра во Требиње, Бања Лука и Зеница каде што добил најмногу ќотек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Премиер лигата во БиХ беше доста груба, а посебно беше тешко да се игра на гости. Најлошо беше во Требиње, а за нијанса подобро беше во Бања Лука и Зеница. Судиите таму не ги штитат гостинските играчи. Кога играв таму добив прилично голем ќотек по нозете“.
„Во Требиње настрадаа моите најомилени костобрани со ликот на Роналдо кои љуобоморно ги чувач. Еден противнички играч опасно ми стартуваше со метални крампони на копачките и ми направи дупка на пластаичниот костобран. Ликот на Роналдо ме спаси од тешка повреда“, напишал Модриќ.