Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Модриќ: Го разбирам Меси и би направил исто како него

Модриќ: Го разбирам Меси и би направил исто како него

Репрезентативците на Хрватска допатуваа во Русија каде за неколку дена започнува Светското првенство.

Хрватите вечерва го одработија првиот тренинг со желба во што подобра форма да го дочекаат почетокот на групната фаза. Еден од најдобрите играчи на оваа екипа Лука Модриќ после тренингот изјави дека го разбира она што Меси го кажа дека ќе го замени секој трофеј освоен во кариерата за оној од Мундијалот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Го разбирам она што Меси сакаше да го каже. Сигурно и јас би заменил многу трофеи кои ги освоив со клубовите за успех на Хрватска на СП.“ – изјави Лука.

Хрватска и Аргентина ќе се сретнат во групната фаза, а токму тие се најголеми фаворити за пласман во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Лукаку: Не сакав да заминам од Челси – ме натераа да тренирам со резервите и ме избркаа

Белгискиот голгетер Ромелу Лукаку зад себе има успешна сезона во која го освои Скудетото с…