Дома Топ вести Модриќ го напушта Реал Мадрид, два англиски гиганти испратиле понуда!?

Модриќ го напушта Реал Мадрид, два англиски гиганти испратиле понуда!?

Како што пишува „Diario Gol“, Лука Модриќ им се доверил на своите блиски дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти Реал Мадрид.

По шпекулациите дека Миралем Пјаниќ ќе го замени Модриќ, шпанскиот спортски портал тврди дека хрватскиот репрезентативец самиот одлучил да си замине. Според истиот извор, Модриќ ќе се врати во Англија. Имено, Ливерпул подготвил понуда од 60 милиони евра за надомест. Но, тие не се единствениот заинтересиран тим. И управата на Арсенал е заинтересирана за одличниот играч за врска.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Diario Gol“ објаснува дека враќањето на Модриќ во англиската лига е „одличен начин за крај на одличната кариера“. Пишува и дека не би имал големи проблеми во врска со прилагодувањето, бидејќи по напуштањето на Динамо Загреб во Тотенхем помина четири години.

Модриќ со шпанскиот клуб освои два Супер купа на Шпанија и по три Лига на Шампиони, Светско клупско првенство и УЕФА Супер Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…