Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ синоќа стана најстариот фудбалер кој настапил за Реал Мадрид.
Тој со 39 години и 40 дена го надмина легендарниот Ференц Пушкаш кој пред 58 години го одигра својот последен меч за Реал кога имаше 39 години и 36 дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 63. минута од натпреварот против Селта во Виго, Лука влезе во игра и со тоа го надмина овој рекорд кој до оваа вечер го држеше легендарниот Ференц Пушкаш.
Модриќ стана и втор странец по бројот на одиграни натпревари за „кралскиот“ клуб. Тој во дресот на Реал има одиграно 547 мечеви, и го надмина Марсело кој имаше 546. Прв на листата е Карим Бензема со 648.