Лука Модриќ ја предводеше Хрватска на гостувањето кај Португалија во пријателскиот натпревар (1:1).
Златко Далиќ го замени на почетокот на вториот дел, а португалската публика го испрати со аплаузи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
После натпреварот, Модриќ доби прашање за простување од репрезентацијата…
„Искрено, не сум размислувал. Имам многу мотиви за играње за репрезентацијата, секогаш зборував дека ќе бидам тука додека сум потребен и додека можам да играм, а благодарение на Бог се уште можам“, изјави Модриќ.
Како што стојат работите Хрватска и во иднина ќе ја предводи Модриќ.
„Не гледам причина да се простам и покрај тоа што остваривме голем резултат во Русија. Мислам дека можам да и помогнам на репрезентација кога ќе почустувам дека не можам, сам ќе го кажам тоа“, откри играчот за врска.