Дома Фудбал Англија Мичу Батшуаи повторно го напушти Челси

Мичу Батшуаи повторно го напушти Челси

Белгијскиот напаѓач Мичу Батшуаи го напушти Челси и кариерата ќе ја продолжи во Кристал Палас.

Овој 26-годишен напаѓач одамна не е во конкуренција на Стемфорд Бриџ, беше по позајмици, а наредната сезона ќе ја помине во Кристал Палас.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Батшуаи утрово ги помина лекарските прегледи, денеска ќе потпише договор до крајот на сезоната, а Палас ќе има можност да го откупи договорот по крајот на сезоната.

Тој и претходната сезона беше на позајмица во овој клуб. Постигна шест погодоци на 13 натпревари, а првиот дел од сезоната го помина во Валенсија.

Пред тоа беше на позајмица во Борусија Дортмунд, додека за Челси одигра 77 натпревари и постигна 25 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фан на Барселона уапсен за подметнување пожар на автобус со луѓе во Бриж

Полицијата во Бриж уапси фан на Барселона кој го запалил автобусот со фанови пред нерешени…