Дома Фудбал Италија Михајловиќ: Милан го има Донарума благодарение на мене!

Михајловиќ: Милан го има Донарума благодарение на мене!

Михајловиќ за прв пат после отказот кој го доби од Милан проговори за односот со Берлускони и откри интересни детали околу голманот Донарума.

Донарума, кој денес важи за еден од најталентираните голмани на светот дебитираше за Милан на 16 години, и тоа токму по инсистирање на Михајловиќ.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Срспкиот стратег откри дека Берлускони го наговарал да не го става Донарума во првиот тим, но тој стоел зад својата одлука и по цена на отказ.

„Кога решив да му дадам шанса на Донарума во првиот тим, Берлсукони два пати се обиде да ме спречи. Доаѓаше во Миланело и ме убедуваше да не го правам тоа и дека треба да брани Диего Лопез. Му реков дека има два избора: да ми даде отказ и да брани Диего Лопез или ако останам јас ќе брани Донарума. На негова среќа се случи тоа што се случи“, објаснува Михајловиќ.

Михајловиќ исто така потенцираше дека тој го наговорил Берлускони да го купи Ромањоли за 25 милиони евра, а денес 21-годишниот стопер е еден од најдобрите во Серија А.

„Не сакаше да го купи Ромањоли затоа што мислеше дека 25 милиони евра се многу за дете од 20 години. Јас го убедив и му реков: ’Ромањоли ќе биде еден од најдобрите во светот. Кога ќе го препродаваш ако неговата цена биде помала од сегашната јас ќе ти го доплатам остатокот’“, открива Миха и додаде:

„Добро за Милан што ме послуша, знаеме дека сега Ромањоли вреди двојно повеќе. Јас сум заслужен и за тоа што Нианг е сега сеуште во клубот инаку ќе беше продаден. Без овие тројца фудбалери Милан сега ќе беше многу послаб и посиромашен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…