Дома Македонски спорт Мак фудбал Михајлов нов тренер на Вардар: Секој натпевар ќе биде како финале

Михајлов нов тренер на Вардар: Секој натпевар ќе биде како финале

Вардар денес и официјално го претстави новиот тренер, Горазд Михајлов.

Поранешниот тренер на Силекс во пролетниот дел од шампионатот ќе има мисија да обезбеди опстанок со „црвено-црните“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


ФК Вардар конечно ги доби парите од Град Скопје и ќе има помирна пролет, а Михајлов најави дека ќе се бори да го задржи клубот во елитата.

„Вардар е клуб на народот, најголемиот бренд во Македонија и така треба да се однесуваме кон него. Ветувам дека ќе го дадеме најдоброто со моите соработници, истото важи и за фудбалерите. Се нафативме да работиме и да ја оствариме целта. Секој од наредните 15 натпревари ќе биде како финале за нас, секој бод ќе ни биде важен и драгоцен. Целта е да обезбедиме опстанок, се нафатив на оваа работа бидејќи го познавам овој тим на Вардар. Двапати игравме со Силекс против нив изминатава есен и знам дека тимот поседува потенцијал“, изјави Михајлов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…