Српскиот напаѓач Александар Митровиќ откри интересни анегдоти со своите соиграчите од Фулам.
Митровиќ во разговор со новинарите кажа дека имал непријатни искуства во Фулам, и тоа кога на тениските терени бил Новак Ѓоковиќ.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Во Англија сум подготвен да се тепам за Ѓоковиќ. За малку ќе се степав со соиграчите по финалето против Роџер Федерер во 2019 година. Само јас и голманот бевме за Ѓоковиќ, додека останатите навиваа за Федерер. И сега сум подготвен да се тепам со луѓето кои ќе кажат нешто лошо за Ѓоковиќ“, откри Митровиќ.
На ова веднаш реагираше Ѓоковиќ, кој преку социјалните мрежи му се заблагодари.
„Ти благодарам брат“, гласеше пораката на Ѓоковиќ.
