Дома Македонски спорт Мак ракомет Миркуловски ќе биде тренер на Вецлар до крајот на сезоната

Миркуловски ќе биде тренер на Вецлар до крајот на сезоната

Бундеслигашот Вецлар потврди дека Филип Миркуловки ќе биде тренер на тимот до крајот на сезоната.

Управниот одбор на германскиот бундеслигаш го потврди она што се најавуваше, а на Македонецот ќе му помага Јасмин Чамџиќ.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Разговаравме многу во претходниот период, вклучени беа и нашите искусни играчи, па сите се согласивме Јасмин и Филип да продолжат со работата“, изјави директорот на клубот, Бјорн Сеип.

Изјава по потпишувањето на договорот даде и нашиот Миркуловски.

„Немаме многу време да воведуваме нови работи. Затоа одлуката ја гледам како логична, во клубот сум осум години и добро го познавам. Знам кои играчи што можат да дадат на теренот. Сигурен сум дека можеме да успееме како тим“, изјави Миркуловски.

Миркуловски на клупата на Вецлар го наследи Хрватот, Хрвоје Хорват кој заработи отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…