Дома Македонски спорт Миркуловски: Со одење и стоење не можеме да победиме!

Миркуловски: Со одење и стоење не можеме да победиме!

Еден од најискусните во нашите редови, Филип Миркуловски по денешниот пораз против Црна Гора истакна дека Црногорците повеќе се бореле на теренот па затоа и победиле.

Со овој пораз Македонија го завршува настапот на Европското првенство, останува да го одиграме последниот натпревар против Данска во понеделник.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Разочарани сме. Факт е дека сме поквалитетна репрезентација од Црна Гора, но фаворитите не победуваат секогаш. Не можете да победите со одење и стоење. Трениравме добро, ама нешто не трениравме, а тоа е душа и срце. Неиграњето на Стоилов не може да ни биде оправдување. Имаме квалитет, но тој денес го покажавме“, изјави Миркуловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …