Бојан Миовски дебитираше за македонската репрезентација во триумфот од 4-0 против Лихтенштајн во Вадус.




Миовски се надева дека ќе ги оправда очекувањата од селекторот Благоја Милевски, а воедно се надева и на добар резултат против Германија во Скопје.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Знаевме дека ќе биде полесно по првиот гол во мрежата на Лихтенштајн. Мислам дека имаме одлична екипа која е спој од младост и искусни фудбалери. Чест ми е што дебитирав за репрезентацијата. Не се плашиме од Германија затоа што нема што да загубиме. Тие се силна репрезентација, но знаат што може да очекуваат во Скопје“, вели Миовски.