Дома Трансфер зона „Милионерите“ категорични: Дембеле останува во Дортмунд!

„Милионерите“ категорични: Дембеле останува во Дортмунд!

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк изјави дека младата ѕвезда Осман Дембеле сигурно ќе остане во клубот и следната сезона.

20-годишниот француски репрезентативец блесна во својата прва сезона во Бундес лигата и на 48 меча постигна 10 гола и запиша 21 асистенција, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Барселона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Каталонските медиуми изминатите денови шпекулираа дека Барселона испратила понуда од 50 милиони евра, но истата експресно била одбиена.

„Нема никакви преговори. Дембеле ќе игра за Борусија и следната сезона, тоа е сигурно“, категоричен беше Цорк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…