Сергеј Милинковиќ-Савиќ игра уште една одлична сезона во Лацио и на лето сигурно ќе ја промени средината.
Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.
Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
Трнерот Пиоли одлично го познава СМС од времето кога работеше во Лацио и сака да го убеди да му се придружи на „Сан Сиро“.
Бидејќи на лето Сергеј ќе влезе во последната година од договорот се верува дека Лацио ќе мора да се задоволи со 50 милиони евра, сума која „росонерите“се спремни да ја платат.