Дома Трансфер зона Милинковиќ-Савиќ на попуст: Познато за колку ќе го пушти Лотито

Милинковиќ-Савиќ на попуст: Познато за колку ќе го пушти Лотито

Сергеј Милинковиќ Савиќ веќе неколку преодни рокови наназад се поврзува со заминување од Лацио, но барем засега се уште е во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред кризата направена од пандемијата со коронавирусот Клаудио Лотито не сакаше да слушне да го продаде за сума пониска од 120 милиони евра, меѓутоа сега ситуацијата сега е поинаква.

Италијанските медиуми денес пишуваат дека Лацио сега ќе се согласи да го пушти Савиќ и за 80 милиони евра.

Ова би можела да биде прифатлива цена за клубовите кои покажаа интерес за Савиќ. Савиќ има 25 години и уште долго време може да игра фудбал на највисоко ниво.

За српскиот фудбалер најголем интерес покажаа ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Новиот клуб на Савиќ може да биде поврзан и со иднината на Пол Погба кој исто така се поврзуваше со Реал и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…