Дома Трансфер зона Милинковиќ-Савиќ за рекорден трансфер се сели на Островот

Милинковиќ-Савиќ за рекорден трансфер се сели на Островот

Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.

„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат Тотенхем и Реал Мадрид.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Наводно Жозе Мурињо спрема голема револуција на тимот ова лето и главна цел ќе биде токму Милинковиќ-Савиќ. Тотенхем е спремен на лето да го продаде Ндомбеле, а како негов заменик да го донесе Србинот.

Од Лацио му порачаа на заинтересираните клубови дека цената на СМС изнесува 120 милиони евра, а интерес за него покажуваат уште ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Јувентус…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…