Германскиот напаѓач Томас Милер наредото лето би можел да ја напушти екипата на Баерн Минхен.
Фудбалерот кој од почетокот на својата кариера е дел од германскиот гигант минатата сезона беше стартер на 25 натпревари и постигна само пет погодоци, ова е најслаб голгетерски учинок на Германецот уште од сезоната 2008/2009 во која одигра само четири натпревари во Бундеслигата и тоа не беше стартер на ниту еден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милер во неколку ситуации истакнуваше дека не е задоволен од третманот кој го има кај Карло Анчелоти, па германските медиуми и претходно пишуваа дека тој би можел да го напушти клубот.
Сепак, тој одлучи да одигра уште една сезона, а доколку работите значително не се променат, сезоната која е во тек би можела да биде и негова последна. Во овој момент како потенцијални кандидати за доведување на Милер се споменуваат Арсенал, Челзи, Ливерпул и Јувентус.
Легендарниот фудбалер на Баерн до овој момент одигра 294 натпревари во Бундеслигата и постигна 111 погодоци.