Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски пред натпреварите со Молдавија и Црна Гора: Најважно е што сите се здрави

Милевски пред натпреварите со Молдавија и Црна Гора: Најважно е што сите се здрави

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија. 

Во изјава за официјалниот сајт на ФФМ, предводникот на нашиот најдобар национален тим зборува за мартовските контролни мечеви и очекувањата од двете пресметки, потоа ситуацијата со клупските настапи на фудбалерите и за тоа дали ќе има промени во списокот на повикани фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Подолг период сме без репрезентативни активности, но ФИФА термините се исти за сите. Секако дека ни недостасува почесто да имаме собир со фудбалерите за да го реализираме она што е замислено и посебно за воигрување на тимот за тоа што не очекува во септември.

– Постојано сме во комуникација со фудбалерите. Ме радува тоа што поголемиот дел од репрезентативците имаат сериозна минутажа во своите клубови, но има и такви што немаат доволно минути во клубовите. Она што е важно, сите се здрави и без проблем со повреди. 

– Не случајно ги избравме Молдавија и Црна Гора, мислам дека се работи за сериозни противници, неспорно дека се квалитетни затоа што имаа одлични квалификации. Ќе ни послужат за да знаеме во кој правец се движиме и да видиме во каква форма сме. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…