Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и сегашен член на Вараждин, Димитар Митровски добил повик од селекторот Благоја Милевски за септемврскиот циклус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Голем дел од македонските стандардни репрезентативци се или без клубови или немаат минутажа, па така потребно е освежување. Милевски ќе се обиде со Митровски да го освежи нападот на нашата селекција.
Митровски своевремено време беше дел од младинските категории на португалски Спортинг, но не доби шанса во првиот тим. Во редовите на Вараждин во последниот период добива солидна минутажа.