Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски го соопшти списикот и потврди: Заминувам!

Милевски го соопшти списикот и потврди: Заминувам!

Селекторот на младата фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денес потврди дека ќе ја напушти функцијата по истекот на неговиот договор на 1-ви јуни.

Милевски ќе ја води репрезентацијата на последните два натпревари, против Азербејџан на 24 и 27 мај и за таа прилика денес го соопшти списокот на повикани фудбалери.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Селективниот камп во месец мај ќе го одработиме во Азербејџан со два пријателски меча. На списокот имаме три до четири откажувања поради повреда – Личина, Абаз, Елмас и Митровски. Но, се надевам дека ќе бидат спремни сите да се стават на располагање веќе наесен кога се играат две квалификациски средби со Србија и Ерменија“, изјави Милевски.

„Сакам да се заблагодарам на ФФМ за укажаната можност за докажување и овозможување професионални услови за работа. Само така и со такви услови, со таков начин на работа нема да изостанат успеси. Треба да се продолжи по тој пат во иднина. Со оваа репрезентација го достигнавме лимитот, направивме се што можеше. Посакувам да не се застане тука, сите селекции да играат на завршните турнири“, заклучи Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…