Изминатата вечер во плеј-офот од НБА лигата се одиграа два натпревари.
Бранителот на титулата, тимот на Милвоки славеше против Чикаго на домашен терен со 93:86 и така поведе со 1:0 во четвртфиналната серија на Истокот. Предводени во победата Бакси беа од Јанис Антетокумпо кој успеа да постигне 27 поени и додаде 16 скока. Брук Лопез уфрли 18, а Џру Холидеј 15 поени. Кај Чикаго Вучевиќ беше најдобар со 24 поени и 17 скока.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Феникс поведе со 1:0 на Западот славејќи над Њу Орлеанс дома. Во еден момент од натпреварот Феникс имаше и 23 поени предност, сепак Њу Орлеанс кон крајот на третиот период се доближи на 79:71. Тогаш на сцена стапи Крис Пол кој од своите 30 вкупно поени, 19 постигна во последниот период.
Букер постигна 25 поени во редовите на Феникс, а Деандре Итон 21. Си Џеј МекКолум со 25 поени беше најефикасен кај поразените.
Во натпреварите кои се одиграа порано вечерта Бостон забележа минимална победа против Бруклин со 115:114, а Мајами со 115:91 се радуваше против Атланта.