Миланските гиганти Милан и Интер се силно заинтересирани за младиот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.
21-годишниот младински репрезентативец на Англија оваа сезона игра на позајмица со Ремс и блеска во Лига 1.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Балогун до сега на 28 настапи постигна 17 гола и 2 асистенции, па покажа дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа.
Тој на лето ќе се врати во Арсенал и има договор до 2025 година со „топџиите“, но јасно е дека нема да има голема минутажа на „Емирати“.
Тоа сакаат да го искористат миланските гиганти и да го доведат во своите редови, па веќе спремиле понуда од 25 милиони евра.