Дома Топ вести Милан ја сака младата ѕвезда на Сантос

Милан ја сака младата ѕвезда на Сантос

Милан е силно заинтересиран за талентот на Сантос и млад бразилски репрезентативец, Кајо Жорге, пренесуваат италијанските медиуми.

19-годишниот напаѓач важи за еден од најголемите бразилски таленти и веќе го добие епитетот „новиот Нејмар“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Кајо Жорге го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Познато е дека „росонерите“ следат многу млади таленти, а Бразилецот е една од најголемите трансфер желби.

Сепак, на Милан нема да му биде лесно да го донесе на „Сан Сиро“ бидејќи играчот има откупна клаузула со Сантос од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…