Дома Трансфер зона Јувентус го „украде“ бразилскиот талент пред носот на Милан

Јувентус го „украде“ бразилскиот талент пред носот на Милан

Јувентус е пред комплетирање на трансферот на бразилскиот талент од Сантос, Кајо Жорге, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 19-годишен напаѓач важи за најголен талент во Бразил, а неговиот договор со Сантос истекува во декември.

Иако Милан важеше за голем фаворит за неговиот потпис, сепак Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „бјанконерите“ постигнале комплетен договор со агентите на Кајо Жорге и го известиле Сантос за тоа.

Јувентус е спремен да плати симболична сума за да го добие Бразилецот веднаш, во спротивно напаѓачот ќе дојде во Торино во декември без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…