Дома Трансфер зона Милан ја прифати понудата – Соса пред трансфер во Турција

Милан ја прифати понудата – Соса пред трансфер во Турција

Во Турција преодниот рок е отворен до 8-ми септември и за овие два дена би требало да се случат неколку големи трансфери.

Еден од тие трансфери би можел да биде и играчот на Милан Хосе Соса, кој има богата понуда од Транзонспор. Имено, Милан потврди дека ја прифатил понудата од турскиот клуб, па сега се е во рацете на играчот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Трабзонспорт му понуди на Аргентинецот тригодишен договор „тежок“ 6 милиони евра по сезона, па последните информации од Апенините се дека трансферот е многу блиску до реализација.

Тренерот Монтела нема да смета на Соса оваа сезона, па поради тоа Милан ја прифати понудата од 6 милиони евра, за играчот кој има само уште една година договор.

Соса пред неколку дена ја одби понудата од Трабзонспорт од 5 милиони евра по сезона, но турскиот клуб ја зголеми понудата, па двете страни се блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…