Познато е каков карактер е Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот е човек кој сака да биде главен во соблекувалната, тоа не му успеа во Барселона и од таму си замина после само една сезона.
После седум години минатата недела Ибрахимовиќ се врати во Милан и од клупата за резерви влезе во игра во натпреварот против Сампдорија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на „Кориере дело Спорт“ Ибрахимовиќ веќе започнал да покажува кој е главен во Милан, овој медиум тврди дека Ибра побарал промена на формацијата и свој партнер во нападот.
Милан до сега играше во формација 4-3-3, меѓутоа Пиоли сега одлучил да го израдува Ибрахимовиќ и да ја промени во 4-3-1-2. Покрај тоа Ибрахимовиќ сакал во нападот да игра со Рафаел Леао со кого помина половина час против Сампдорија, ова би значело дека Пјонтек и Сусо можат да завршат на клупата, па и на трансфер листата во овој преоден рок.