Дома Фудбал Италија Милан ја губи довербата во Пиоли, замената е спремна

Милан ја губи довербата во Пиоли, замената е спремна

Милан влезе во серија од разочарувачки резултати, иако очекувањата на „росонерите“ оваа сезона беа многу големи.

Милан вчера повторно испушти два гола предност на гостувањето кај Лече и на крајот се спасуваше од пораз.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во изминатите четири меча во Серија А Милан освои само еден бода и се оддалечи од врвот, па практично испадна од трката за Скудетото.

Клубот се уште не размислува за отказ на Пиоли, но тренерот повеќе не ужива голема доверба кај раководството.

„Скај Италија“ пренесува дека Милан сака да има спремна замена за Пиоли во случај да продолжат лошите резултати, а прва желба е екс тренерот на Челзи, Грем Потер, кој моментално е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да п…