Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил.
Станува збор за 22-годишниот крилен напаѓач, Иконе кој оваа сезона има постигнато 7 гола и запиша 7 асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иконе е спремен на лето да ја промени средината, а миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Интерес за Иконе покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но тој е блиску до договор со клубот од Сан Сиро.
Милан има одлични односи со Лил и веќе преговара за голманот Мањан, па сака да ги договори двајцата во пакет.
Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 25 милиони евра плус бонуси.