Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус е голема желба на Милан.
Одличниот Бразилец има договор со „граѓаните“ до лето 2023 година, но бидејќи нема најави за продолжување Сити е спремен да го продаде.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Со доаѓањето на Халанд неговата минутажа додатно ќе се намали, па и тој сака да ја промени средината ова лето.
Ситуацијата будно ја следат неколку европски гиганти, а најсилен интерес покажува Милан.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.
Милан е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе може да биде замена за Ибрахимовиќ.
📰 #Gazzetta: AC Milan target Gabriel Jesus for next season! pic.twitter.com/SfDF1XZ5c9
— Milan Posts (@MilanPosts) May 10, 2022