Дома Трансфер зона Милан спреми понуда, сака да го откупи Брахим Дијаз

Милан спреми понуда, сака да го откупи Брахим Дијаз

Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.

Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз, а самиот фудбалер дал согласност.

Се очекува двата клуба брзо да најдат заеднички јазик, но во договорот ќе биде ставена „бај-бек“ клаузула во корист на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…