Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за Пиоли

Милан спреми нов договор за Пиоли

Раководството на Милан е задоволно до работата на Стефано Пиоли и спреми нов договор за италијанскиот стратег.

Во октомври Стефано Пиоли седна на жешкото столче на Сан Сиро но не се очекуваше долго да се задржи. Сепак, тој успеа да направи компактен тим и минатата сезона „росонерите“ беа најголеми изненадување во Серија А и завршија на второто место.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пиоли после седум години го врати Милан во Лигата на шампиони, тимот игра одлично, па раководството сака да го задржи тренерот.

Двете страни се блиску до договор за продолжување на соработката до 2024 година, а според новиот договор Пиоли ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Арсенал обезбеди, како што изгледа, клучен чекор кон титулата со победата над Евертон (2:0…