Дома Трансфер зона Милан се договорил со ѕвездата на Фиорентина

Милан се договорил со ѕвездата на Фиорентина

Дефанзивецот Никола Миленковиќ беше мета на Милан и Интер во летниот преоден рок, но на крајот остана во Фиорентина.

Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па Фиорентина за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која споменатите клубови не беа спремни да ја платат.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Проблем за „виолетовите“ е што Миленковиќ на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот, па неговата цена драстично ќе падне.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан силно го посакува Миленковиќ во јануари, па веќе испратил понуда – позајмица со задолжителен откуп на лето за 30 милиони евра.

Неговиот агент Рамадани наводно веќе има договор со „росонерите“ и инсистира да се комплетира трансферот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…