Дома Трансфер зона Милан се договори со ѕвездата на Виљареал

Милан се договори со ѕвездата на Виљареал

Милан е во напредни преговори со нигерискиот напаѓач од Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесуваат италијанските медиуми.

23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона одигра одлично во дресот на Виљареал со 13 гола и 11 асистенции.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, а веќе постигнал договор со Милан.

Со оглед дека крилниот напаѓач влезе во последната година од договорот Виљареал е премен да го пушти за 20 милиони евра.

„Росонерите“ спремиле понуда од 18 милиони евра и сакаат брзо да го комплетираат трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…