Дома Фудбал Челси започна истрага поради инцидентот по натпреварот со Астон Вила

Челси започна истрага поради инцидентот по натпреварот со Астон Вила

Фудбалскиот клуб Челси започна истрага поради инцидентот по завршувањето на натпреварот од 18-то коло на Премиер лигата против Астон Вила, јави денес Би-Би-Си (BBC).

Фудбалерите на Астон Вила во саботата го поразија Челси на Стамфорд Бриџ со резултат од 2:1.

Британските медиуми наведуваат дека отворено пластично шише било фрлено кон играчите и членовите на стручниот штаб на клупата на Астон Вила, кои се радувале на победата на својот тим по завршувањето на натпреварот.

Шишето било фрлено од секторот каде што биле сместени и навивачите на Челси и клупскиот персонал на лондонскиот клуб.

Би-Би-Си пренесува дека од Челси соопштиле дека не е познато кој е одговорен за инцидентот и дека истрагата е во тек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Матераци: Интер пропушти два Скудета; Италија играше против вонземјани во 2006

Марко Матераци смета дека Интер требаше да освои повеќе титули со тимот кој го имаат... …