Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.
Дибала го загуби трпението и смета дека „старата дама“ нема желба да ги исполни неговите барања, па вчера го известил раководството дека заминува на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе започна битката за неговиот потпис, интерес за него покажуваат Барселона, Тотенхем, Интер и Атлетико Мадрид, а последните информации се дека и Милан се вклучил во трката за неговиот потпис.
Малдини сака да ја искористи ситуацијата и без обештетување да го донесе еден од најдобрите играчи во Серија А, па имал средба со неговиот агент.
Аргентинецот сериозно размислува да ја прифати понудата на „росонерите“ бидејќи сака да остане во Италија.
🚨#Dybala ha già firmato un contratto quadriennale con il #Milan. Ieri l'incontro decisivo a Milano. I dettagli 👇https://t.co/y0JLX6ndwj
— Teca TV (@TecaTV_) March 22, 2022