Вчера пренесовме дека се околу ангажманот на Златан Ибрахимовиќ е завршено, иако според пишувањето на италијанските медиуми, Швеѓанецот ќе се врати во Милан и ќе потпише договор до крај на сезоната.
„Росонерите“ имаат големи проблеми со повредите и во јануари на сите начини ќе се обиде да ја закрпи дупката, но во клубот од „Сан Сиро“ размислуваат и за летниот трансфер период. Имено, една од целите за следната година е стоперот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Искусниот 32-годишен Уругваец има договор со Атлетико до крајот на сезоната, па во Милан се надеваат дека нема да го продолжат и дека следното лето ќе стане слободен играч. За неговите услуги е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, изгледа дека „Росонерите“ можат да се натпреваруваат со „Ѓаволите“ за неговиот потпис, барем финансиски, па затоа спортскиот директор на Милан веќе стапил во контакт со Годин, за на време да го договори за следното лето.
Добра работа за екипата на Милан е тоа што Годин има шпански пасош и ќе може да го резервира без никакви проблеми.