Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сериозно се вклучил во тракат за еден од најголемите италијански таленти, Федерико Киеза.
Киеза игра уште една фантастична сезона во дресот на Фиорентина и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во Серија А, па „виолетовите“ тешко дека ќе можат уште долго да го задржат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за 21-годишниот крилен фудбалер од поодамна покажаа Интер и Јувентус, како и европските гиганти Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
„Росонерите“ доколку се пласираат во Лигата на шампиони следната сезона се спремни на лето да потрошат значителна сума за засилувања, а Киеза ќе биде на врвот на листата.
Милан сака да инвестира во млади фудбалери и да ја зголеми италијанската колонија во тимот, па Леонардо и Малдини во Киеза гледаат идеално засилување.
„Тутоспорт“ тврди дека првите контакти се веќе направени и дека „росонерите“ во моментов се во пол позиција бидејќи таткото на Киеза, Енрико смета дека Милан е идеална средина за понатамошен развој на младиот фудбалер.
Киеза оваа сезона постигна 11 гола и запиша 8 асистенции, па Фиорентина сигурно нема лесно да се откаже од него, а медиумите тврдат дека моменталната цела на фудбалерот изнесува 70 милиони евра.
Per #Chiesa c'è la fila: si muove il #Milan https://t.co/y9lTsBGzZi pic.twitter.com/SZrZeFy29m
— calciomercato.com (@cmdotcom) March 7, 2019