Дома Фудбал Италија Милан „падна“ во Џенова, Запата и Алаврез ги користеа грешките на „росонерите“ (Видео)

Милан „падна“ во Џенова, Запата и Алаврез ги користеа грешките на „росонерите“ (Видео)

Денес во терминот од 12:30 својот натпревар од шестото коло го одиграа екипите на Сампдорија и Милан, а победа запишаа домаќините.

Сампдорија пред ова коло заедно со водечката тројка во Серија, Јувентус, Наполи и Интер, сеуште ја немаше претрпено го горчината на поразот во новата сезона, а така остана и после нивниот прв голем тест.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милан не се покажа најдобро во овој натпревар, а за тоа колку „росонерите“ разочараа во овој натпревар говори и податокот дека во текот на целите 90 минути гостите не успеаа да упатат ниту еден удар во рамките од голот кој го бранеше Пугиони.

Ниту Сампдорија не покажа кој знае што во овој натпревар, но сепак успеа да стигне до победата. И двата погодоци беа постигнати во вториот дел. Првиот беше дело на Дуван Запата во 72 минута кој успеа да ја искорисит грешката во одбраната на „росонерите“. За победа од 2:0 се погрижи, Рикардо Алварез во судиското продолжение од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хит фотографија: Погледнете како изгледаат фудбалерите на Уганда до 15 години

На социјалните мрежи брзо стана вирална фотографијата на У-15 репрезентацијата на Уганда, …